Подземни контејнери и 3.000 паркинг места: Меџити со визија за Чаир

September 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити, најави капитален проект за целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери низ целата општина, во рамки на иницијативата „Чаир без отпад на улиците“. Проектот, со буџет од 120 милиони денари и рок на имплементација од 36 месеци, има за цел да го трансформира Чаир во чиста, зелена и модерна општина.

– Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредени јавни површини не смее да бидат дел од секојдневието на Чаир. Денес сме тука да понудиме конкретен и остварлив план за модернизација на комуналната хигиена – рече Меџити.

Првиот столб од проектот е инсталирање на подземни контејнери кои ќе го елиминираат визуелното загадување, ќе ослободат јавен простор и ќе спречат ширење непријатни миризби. Според Меџити, еден подземен контејнер ќе може да замени пет до шест стандардни контејнери, со што ќе се подобри ефикасноста на празнењето и ќе се спречи расфрлањето отпад.

 

Проектот ќе се реализира во фази, почнувајќи од најкритичните точки во општината. Во моментов функционираат пет подземни контејнери, а наскоро ќе биде поставен шести на улицата „Методија Митевски“ во Топанско Поле.

Вториот столб од проектот е стратешко партнерство со Град Скопје и „Комунална хигиена“, а третиот е подигање на јавната свест и работа со граѓаните и невладиниот сектор.

Меџити најави и изградба на 3.000 нови паркинг места, со што ќе се надополни веќе обезбедените 1.000 нови места во претходниот мандат.

– Овој мандат ќе го реши еден од најголемите стратешки проблеми на Чаир како густо населена општина – рече Меџити, додавајќи дека ќе продолжи да работи на проекти кои директно ги засегаат граѓаните.

Исто така, Меџити упати критика кон албанската опозиција, потенцирајќи дека арогантниот пристап во кампањата ќе ги чинел губење на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бони Блу открива зошто се разделила од сопругот: „Нема никаква врска со мојата кариера“

Следно

Кочовски: Реконструкција на Здравствениот дом во Вевчани, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка, туризмот останува наш приоритет

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop