ПОДЗАБОРАВЕН Е ЛИКОВНИОТ ОПУС НА РИСТО ЛОЗАНОВСКИ, А Е ЕДЕН ОД КРЕАТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ, ВЕЛИ НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ИЗЛОЖБА

December 26, 2024
1 min read

Вечерва во 19 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ ), ќе се отвори изложба во чест на 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски, еден од авторите што во одреден културно-историски контекст одиграле важна улога во дефинирањето на македонската историја на уметноста. Кураторките Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделковска-Брзанова, која е и в. д. директорка, велат дека како дел од веќе востановените практики што произлегуваат од визијата на Националната галерија и се надоврзуваат на мисијата за зачувување на нашето значајно културно богатство се и периодичните или јубилејните претставувања на најзначајните македонски ликовни творци и нивните остварувања.

„Во селекцијата на претставувањата се истакнуваат авторите застапени во Постојаната поставка на Националната галерија, како уште едно настојување за зачувување од заборав и ревалоризација на творештвото авторите. Еден од овие автори е Ристо Лозаноски (Големо Илино, 1923 – Белград, 1965), кој во рамките на Постојаната поставка на македонската уметност од 14.до 20. век поставена во објектот Даут-пашин амам, е претставен со две дела ‘Прастари облици’, 1961, масло на платно, и ‘Бела стихија’, 1962, масло на платно, во изложбениот дел што го опфаќа периодот на 1960-тите години од 20. век, односно историскиот приказ на времето кое се однесува на влијанијата и развојот на енформелот во нашата ликовна уметност, што од своја страна доволно говори и за местото и значењето на овој уметник.Творештвото на Ристо Лозаноски уште од неговите почетоци го забележуваат, а подоцна и го обработуваат голем број македонски историчари на уметноста и ликовни критичари во повеќе нивни осврти, го вклучуваат во приказите на современата ликовна уметност, претставен е во бројни селекции на различни теми, но се чини дека неговиот ликовен опус денес е малку подзаборавен“, велат кураторките.

Лозаноски, во каталогот за изложбата „Циклус НОБ“ од 1959, пишува дека отсекогаш се носел со мислата да создаде циклус слики од Народноослободителната борба (НОБ).

„Ги носев во себе, од својата најрана младост, впечатоците од она време, време на партизански колони, јуриши и грчеви во окупираните градови. Настојував да најдам погоден израз на она што сликарски го доживував и на она што е всушност епопејата на НОБ. Стремежот и патот во мојот уметнички развиток беше потребно да ги усогласам со темата НОБ, но да не паднам во наративност и груба пропаганда. Интимното доживување на впечатоците од НОБ втиснати во младоста беше потребно да се спроведе во една мера, ненаметливо а присутно, а, од друга страна, тие впечатоци и таа суштина на тој период да се прикажат објективно и вистинито, технички и стилски урамнотежено, за да претставува една интимна сликарска целина за тоа време.Колку сум успеал во тие стремежи, ќе оцени публиката“, е дел од текстот во тој каталог.

Изложбата ќе трае до 27 февруари 2025.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јавната кампања со осуда на Артан Груби може да падне во Стразбур како „нефер судење“

Следно

Промоција на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на Франсоаз Вержес

Latest from Blog

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија ги предупреди своите државјани да ги избегнуваат подрачјата во Белград каде што денеска ќе се одржат протести и собири, а издаде и мерки што ги

(ВИДЕО) Тежок судир на трката во Формула 2

Огромен инцидент се случи денес во Формула 2 и најпрво да кажеме дека сите тројца инволвирани возачи се добро. Возачите Сами Мегетоуниф, Лук Браунинг и Арвид Линдблад не претрпеа големи последици благодарение

Марта Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан во Скопје за Планот на ЕУ за раст за регионот

СКОПЈЕ (АА) – Еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе се сретне со лидерите на земјите од Западниот Балкан в понеделник и вторник во Скопје, со цел забрзување на напорите за спроведувањето на
Go toTop