Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, активни се на Пелопонез и Хиос

August 14, 2025
1 min read

Подобрена е ситуацијата во сите пожари по битката што во текот на ноќта ја водеа противпожарните сили, информираше утрово портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, објаснувајќи дека активни остануваат пожарите во регионот Ахаија на Пелопонез и на островот Хиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Ватракојанис, на островот Закинтос и во околината на Превеза во западна Грција „во моментов нема активен фронт“, а противпожарните служби се справуваат само со расфрлани жаришта и продолжуваат да интервенираат воздушните средства.

Активни остануваат жариштата во Ахаија и на Хиос.

На островот пожарот е во непристапни области во северозападниот и североисточниот дел.

-Се очекува и да биде многу тежок, бидејќи за повеќето региони во земјата е предвиден многу висок ризик од пожари. Упатуваме силна препорака за избегнување на активности што би можеле да предизвикаат пожар. Силите на Противпожарната служба, како и сите сили на цивилната заштита, остануваат во состојба на целосна готовност, рече Ватракојанис. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра

Latest from Blog

Пробиштип со свечена програма го одбележа денот на победата и денот на Европа

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на

МЕПСО ја обжали одлуката: спорот со „Енергоинвест“ оди во арбитражна битка

Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека

Пробиштип со свечено одбележување на 9 Мај – Денот на Европа и победата над фашизмот

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на
Go toTop