Подобрена ситуацијата со пожарите на Пелопонез и Хиос

August 15, 2025
1 min read

Значително е подобрена ситуацијата со пожарите во северозападниот дел на Пелопонез и на островот Хиос, откако доцна синоќа имаше нови разгорувања, а изгорената површина надминува 5.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарите избувнаа во вторникот, а огнената стихија предизвика материјална штета што дополнително ќе се проценува.

Поради синоќешните разгорувања, утрово продолжуваат да се интервенира од воздух и на Пелопонез и на Хиос.

Во четирите грчки области каде што во вторникот избувнаа големи шумски пожари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, изгорела површина од над 10.000 хектари.

Поконкретно, на островот Хиос процените се дека огнената стихија зафатила површина од околу 4.300 хектари, на Закинтос околу 2.300 хектари, во околината на Превеза околу 2.600 хектари и во областа Ахаја околу 920 хектари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра со која пловат по Егејот

Следно

21% од малите хидроцентрали во Европа се во заштитени зони – пример за енергија и природа во коегзистенција

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop