Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

February 27, 2025
1 min read

Случајот „Адитив“ за местење тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оди кон разрешница. Многу звучни имиња беа предмет на истрага во изминатиот период меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство.

Неговиот наследник, Васко Стефанов, како и екс-директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против 31-но физичко и пет правни лица. Кривичните дела што им се ставаат на товар се несовесно работење во службата; злосторничко здружување; злоупотреба на постапка за јавен повик: доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и перење пари.

Обвинетите преку договарање овозможиле фаворизирање на одредени компании во тендерската постапка за набавка на адитиви за јаглен притоа стекнувајќи нелегална имотна корист и извршиле трансакции за перење пари во износ од 6,8 милиони евра со цел да го прикријат потеклото на финансиските средства.

Обвинителството бара конфискација на имот и парични средства како и продолжување на притворот за девет обвинети и куќен притвор за еден.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски утре во Вашингтон – ќе се потпише ли договорот за американско ползување на украинскиот минерален свет?

Следно

Грипот сè поприсутен: 36,4% повеќе заболени оваа сезона во споредба со ланската

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop