Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

December 30, 2024
1 min read

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската  настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава .

Наведено е дека – меѓу обвинетите е и Ј.Т. (Јелена Танасковиќ) поранешен в.д генерален директор на „ Инфраструктура на железница на Србија “ , Г.В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. (Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. (Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“. Тие се товарат за сторено кривично дело Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик.

Обвинението, е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата. Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение. Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без вода дел од Батинци

Следно

Еден загинат во пожар во хотел кај Метеора

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop