Подмладокот на СДСМ доби нов претседател

September 1, 2024
1 min read

Денеска, на 26-тата изборна конференција, едногласно од страната на младите социјалдемократи за нов претседател на СДММ – Социјалдемократската младина на Македонија е избран Трајче Стојчевски, информираат од опозициската партија.

Во обраќањето пред младите Стојчевски се заблагодари на довербата и порача дека одговорно и посветено ќе работи за обединување на прогресивните млади луѓе, унапредување на социјалдемократијата и враќање на СДММ на победничките патеки.

-Обединети во нашата заедничка визија за праведно и правично општество, со еднакви можности, големи можности за младите, за подобро утре, за посветла иднина. Ние сме прогресивна младина, втемелена во верувањето дека светот може и мора да биде подобро место за сите. Нашата идеологија не е збирка на апстрактни верувања туку реалност, таа е моќна сила која ги води нашите постапки, нашите одлуки и нашата визија за иднината.

Токму тоа е нашата водилка : Силна младина, незапирлива иднина. Предизвиците со кои се соочуваме се големи, но огромна е нашата решителност. , рече Стојчевски.

Ново избраниот претседател на СДММ додаде дека социјалдемократите нема да дозволат никој да биде замолчен.

-Ние сме генерација која одбива да биде замолчена. Нашата посветеност за социјалната правда, солидарност, праведност, еднаквост и слобода за сите не е само минливо чувство, тоа е самиот темел на нашиот социјалдемократски идентитет. Ние се бориме за едно општество за сите, без разлика на родот, етничката припадност, религијата, сексуалната ориентација, попреченоста, социјалното потекло или економскиот статус. Ние сме носители на идеологијата која се стреми да ги подигне маргинализираните, се бориме против елиминација на сите форми на дискриминација, да обезбедиме секој поединец да има можност да го достигне својот целосен потенцијал. Приоритет ни е родовата еднаквост. Веруваме во солидарна заедница, во која секој дава се од себе и секој помага секому. Токму затоа јавните услуги, образованието, здравството и правдата мора да бидат квалитетни и достапни за сите без исклучок, рече Стојчевски.

Власта по само неколку месеци го покажа своето вистинско лице, ветуваа блескава иднина, а веднаш ги погазија дадените ветувања, ја предадоа довербата на граѓаните, кажа Стојчевски, зборувајќи за катастрофалниот почеток на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Стојчевски потекнува од локалниот клуб на СДММ Штип, досега ги има поминато сите скалила во младината, бил член на Извршниот одбор на локалниот клуб, потоа Претседател а досега ја извршуваше и функцијата Потпретседател на СДММ, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едукација за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ

Следно

ВМФЛ: Македонија ЃП сигурна против Победа, Кожув убедлив против Осогово

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop