„Подлиот јас“ првиот анимиран серијал со над пет милијарди долари заработка

July 16, 2024
1 min read

 Цртаниот филм „Подлиот јас 4“ (Despicable Me 4) доминира на светските киноблагајни, заработувајќи 437 милиони долари од неговото прикажување на 3 јули. Со тоа, популарната франшиза стана првиот анимиран серијал филмови во историјата којшто надмина пет милијарди долари приходи, пишува „Варајети“ (Variety).

Пред 14 години, во 2010., беше прикажан првиот филм од серијата. Потоа следат вториот и третиот дел од 2013 и 2017 година, како и уште две претпродолженија со назив „Миниони“ (Minions).

Во новата приказна Гру се соочува со нови непријатели, што го засегнува и неговото семејство… Додека синот Гру Џуниор му го загорчува животот. Улогите ги толкуваат Стив Карел, Кристен Виг, Софија Вергара, Вил Ферел, Стивен Колбер и други познати холивдски гласови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО разгледува што кинеско да заплени во случај на војна

Следно

НАЈЛОШИ ХОРОСКОПСКИ ПАРОВИ: Лав и Шкорпија никако, Бикот сака блискост, Водолијата слобода

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop