Поддржувачите на Болсонаро дивееја со часови, 400 уапсени – се огласи и тој

January 9, 2023
2 mins read

Болсонаро молчеше речиси шест часа за хаосот во Бразилија пред да објави на Твитер дека ги „отфрла“ обвинувањата на Лула

Фото: EPA-EFE/ANDRE BORGES

Поддржувачите на екстремно десничарскиот поранешен претседател на Бразил Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд во бразилската престолнина во неделата, како мрачен потсетник на инвазијата на американскиот Капитол од страна на поддржувачите на Доналд Трамп пред две години. По неколку часа полицијата ја вратила контролата над зградите. Уапсени се над 400 луѓе.

Левичарскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој го победи Болсонаро на изборите во октомври, најави „федерална безбедносна интервенција“ во Бразилија која ќе трае до 31 јануари, откако демонстрантите успеаја да ги совладаат безбедносните сили. Околу три часа по првичните извештаи за упадот на демонстрантите, безбедносните сили успеаја повторно да заземат три од најважните згради во главниот град.

Лула, кој беше инаугуриран на 1 јануари, го обвини Болсонаро за разгорување на неговите приврзаници по кампањата со неосновани тврдења за потенцијална изборна измама по крајот на неговото владеење обележано со националистички популизам.

Сојузниците на претседателот, исто така, покренаа прашања за тоа како безбедносните сили во бразилскиот главен град беа толку неподготвени и толку лесно совладани од бунтовниците кои со денови најавуваа протести за викендот на социјалните мрежи.

„Тие вандали, кои би можеле да ги наречеме фанатични фашисти, направија нешто што никогаш не било направено во историјата на оваа земја“, рече Лула на прес-конференција за време на официјалната посета на државата Сао Паоло. Сите луѓе кои го направија ова „ќе бидат пронајдени и ќе бидат казнети“,

рече тој.

Поддржувачите на Болсонаро оставија трага на уништување пред себе, фрлајќи мебел низ скршените прозорци на претседателската палата, поплавувајќи делови од Конгресот со системи за гаснење пожари и уништувајќи церемонијални простории во Врховниот суд.

Упадот на илјадници демонстранти облечени во жолто и зелено во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во главниот град Бразилија е кулминација на повеќемесечната тензија по гласањето во Бразил на 30 октомври. Болсонаро, сојузник на Трамп, кој допрва треба експлицитно да го признае поразот, го изнесе лажното тврдење дека бразилскиот електронски систем за гласање е склон кон измами, што предизвика насилно движење на негирање на изборните резултати.

„Тој тоа го промовира преку социјалните мрежи од Мајами“, рече Лула. „Сите знаат дека има различни говори на поранешниот претседател кои го поттикнуваат тоа.

Болсонаро молчеше речиси шест часа за хаосот во Бразилија пред да објави на Твитер дека ги „отфрла“ обвинувањата на Лула.

Поранешниот претседател, кој по поразот на изборите ретко зборуваше во јавноста, исто така рече дека мирните протести се дел од демократијата, но дека со упадот и оштетувањето на јавните згради „пречекорена е линијата“.

Тој полета за Флорида 48 часа пред крајот на мандатот и отсуствуваше на инаугурацијата на Лула. Насилството во Бразилија е главоболка за американските власти додека тие дебатираат како да се справат со неговиот престој на Флорида. Истакнати демократски пратеници рекоа дека Соединетите држави повеќе не можат да му дадат на Болсонаро „светилиште“ во земјата.

Партијата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро го осуди нападот врз зградата на Националниот конгрес и другите владини објекти во главниот град Бразилија.

„Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразилија се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро. Ние поддржуваме уредни протести. Денешните акции се срам“,

рече лидерот на Либералната партија (ЛП) на Болсонаро, Валдемар Коста Нето во видеото објавено во неделата.

Гувернерот на Бразил, Ибанеис Роча, долгогодишен сојузник на Болсонаро, кој се соочува со тешки прашања по безбедносните пропусти во неделата, на Твитер објави дека повеќе од 400 луѓе се уапсени и дека властите работат на идентификување на другите. Инвазијата беше осудена од лидерите ширум светот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас: Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува

Следно

(ВИДЕО) Гостин во ресторан уби разбојник во Тексас кој држел пластичен пиштол

Latest from Blog

ЕДИНСТВЕНА ЕУ ДРЖАВА ШТО НЕ ГО ПРИФАТИ: Што и пречи на Бугарија во Акцискиот план?

Бугарија била единствената земја  од ЕУ што не го прифати Акцискиот план за малцинства што го изготви македонската влада. Премиерот Мицкоски рече дека единствената причина за тоа е тоа што бил напишан на македонски

Челзи подготви 75 милиони за Фермин Лопез

Офанзивецот на тимот на Барселона, Фермин Лопез е сериозна трансфер мета на тимот на Челзи кој што е подготвен да го откупи играчот за цели 75 милиони евра. Тој подолг период е

Погледнете како специјалци на САД запленија танкер со нафта од Венецуела кој пловел под руско знаме

Американските сили, покрај танкерот „Marinera“ под руско знаме, денеска запленија уште еден танкер, а јавноста може да ја види и снимката од моментот на влегување на екипите на овие пловила. In two

Тошковски: Духот на солидарност, човечност и заедништво да биде наша водилка

По повод големиот христијански празник Божиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати искрени честитки до сите верници, со желби за здравје, мир и благосостојба во нивните семејства. Нека духот на солидарност,

Погребана Брижит Бардо: Сен Тропе во солзи

Церемонијата започна утрово во 10 часот во црквата Нотр Дам де л’Асомпшн, а погребот се одржа на градските гробишта во Сен Тропе. Брижит Бардо беше погребана во семејната гробница покрај медитеранскиот брег.
Go toTop