Поддржувачи на терористичката организација ЈПГ/ПКК вандализираа џамија во Германија

August 17, 2023
1 min read

КЕЛН (АА) – Џамија во Германија беше цел на приврзаници на терористичката организација ЈПГ/ПКК, соопшти Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ), пренесува Анадолу.

Џамијата во Хановер, Долна Саксонија, која е поврзана со ДИТИБ, рано во вторникот беше цел на терористичка пропаганда и навреди против Туркије.

ДИТИБ соопшти дека управата на џамијата била информирана за нападот од верниците што присуствувале на утринската молитва.

Претседателот на Здружението на централната џамија при ДИТИБ, Мехмет Зенгин, рече дека џамијата претходно била подложена на слични напади.

Тој рече дека верниците и официјалните лица се загрижени за нападите, но дека нема да дозволат мирната атмосфера и безбедноста на градот да бидат нарушени на овој начин.

Зенгин се надева дека инцидентот ќе биде разрешен колку што е можно поскоро, изразувајќи надеж дека властите ќе ги најдат сторителите и ќе ги изведат пред лицето на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kinema verore: Zgjidhni të freskoheni me një film të mirë në SkyShowtime

Следно

Андоновски поднесе оставка од селекторското место на САД

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop