Под слоганот „Ние сме Европа“, власта почнува кампања со која ќе информира за придобивките од членството во ЕУ

August 23, 2023
1 min read

За изведување на едномесечните активности од кампањата ќе бидат издвоени пет милиони денари, односно 80 илјади евра – буџетски средства кои, како што истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната презентација, се испланирани од минатата година во рамките на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) за промоција на европските вредности

Преку кампањата „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во наредниот период ќе ги информираат граѓаните за придобивките и можностите од зачленувањето на земјава во Европската Унија.

За изведување на едномесечните активности ќе бидат издвоени пет милиони денари, односно 80 илјади евра – буџетски средства кои, како што истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната презентација, се испланирани од минатата година во рамките на Секретаријатот за промоција на европските вредности.

„Во рамките на напорите на Владата на Република Северна Македонија да ги оствари стратешките цели и да ја приближи целта за влез во ЕУ, Владата ќе организира серија настани во осум града во државата. Кампањата ќе се вика ‘Ние сме Европа’. Ќе се реализира во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните“,

изјави денеска вицепремиерот Маричиќ кој во просториите на СЕП ја презентираше кампањата.

Официјалниот старт на активностите ќе биде на 30 август и ќе трае до крајот на септември. Првиот во серијата настани ќе се одржи во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски.

На презентацијата на кампањата, Маричиќ додаде дека активностите ќе вклучуваат и средби со здруженија и граѓански организации и со сите оние што се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување. Во сите осум града ќе се одржуваат и трибини.

„Целта на овие активности е да им ги претставиме на граѓаните придобивките од брзото членство во Европската Унија, неопходните реформи кои треба да ги направиме за да ги постигнеме европските стандарди во наредните неколку години и начините како членството ќе го заштити и зајакне нашиот идентитет, јазикот, посебноста и мултиетничкиот карактер на државата“,

додаде вицепремиерот за европски прашања.

Презентацијата на активностите од кампањата „Ние сме Европа“, која се одржа денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, почна со приказ на промотивно видео во форма на анкета со граѓани кои аргументираат зошто се за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Мементо“ на Димитрие Османли дел од ретроспективата на Југословенскиот филмски црн бран во МОМА

Следно

Германската Влада ја одобри легислативата за двојно државјанство

Latest from Blog

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го
Go toTop