Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

June 24, 2025
1 min read

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син, кој немал возачка дозвола, да управува возило, иако бил свесен за ризиците и претходните нарушувања на законот од страна на неговиот син.

Според Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), 50-годишниот скопјанец „со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настапат штетни последици.“

– Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на  семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Судот во Скопје на 13 мај му изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов, кој призна вина за сообраќајна несреќа во јануари, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Судот му изрече и петгодишна забрана за управување возило и парична казна.

Како олеснителни околности беа наведени признанието и каењето, а како отежнителни – сериозноста на делото, претходна затворска казна за трговија со дрога и повеќе прекршоци во сообраќајот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балканско првенство со 11 репрезентативци и учество на Јован Пармачки на Европски камп за млади надежи

Следно

Историски шамар за Мицковски од „неговите“

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop