Почнува расправата во грчкиот Парламент за законот за истополовите бракови

February 14, 2024
1 min read

Предлог-законот „Еднаквост во граѓанските бракови, измена на граѓанскиот законик и други одредби“, што предвидува проширување на можноста за брак на лица од ист пол во Грција и да ја зајакне заштитата од дискриминација, од денеска е пред пратениците во грчкиот Парламент, а гласањето е закажано за утре, јави дописничката на МИА од Атина.

Со законот, што се очекува да добие зелено светло од пратениците, лицата од ист пол ќе добијат законска можност да склучат граѓански брак, а досега единствено беше легален договорот за соживот.

Државниот министер на Грција Акис Скерцос пред две седмици го достави предлог-законот во грчкиот Парламент по што следеше и дискусија на надлежната комисија, а известувачите од Нова Демократија и од опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода при нивните образложувања начелно се изјаснија позитивно, додека пак Комунистичката партија, Грчко решение, Победа и Спартанци се против.

Расправата на пленарната седница започна утрово, се очекува да трае два дена, а да заврши утре со гласање на пратениците. 

Истополовите бракови предизвикаа реакции во Грција, несогласувања има и кај пратеници од владејачката Нова демократија, кои или ќе гласаат против или ќе отсуствуваат од гласањето, додека пак со став излезе и Грчката православна црква која на вонредниот состанок на Светиот Синод минатиот месец донесе едногласно одлука дека е против предлог-законот.

Во неделата на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, со грчки знамиња, икони, крстови, транспаренти со пораки, но и говори, голем број граѓани се собраа за да го изразат нивното несогласување со законот.

Н протестот присуствуваа христијански и црковни организација и здруженија, радикално десничарски партии, попови и свештени лица, но и граѓани од сите возрасти.

„Мајка, татко и деца“; „Поддршка за традиционалното грчко семејство“; „Не за истополово родителство“; „Татковина, религија, семејство“; „Мицотакис, Каселакис, Андрулакис се срам за Крит и Грција“; „Ја поддржуваме светоста на традиционалното семејство“, беа само дел од пораките на паноата на демонстрантите.

На протестот присутни беа и поддржувачи и членови на радикално десничарските и националистички партии Спартанци и Ники што се дел од Парламентот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од забава до зависност од коцкање – лекување ретко кој бара

Следно

Комисија за заштита од дискриминација: Нема дискриминација, туку нееднаков третман на граѓаните за бесплатни возачки и сообраќајни дозволи

Latest from Blog

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во

Актерката од „Сулејман“ уапсена во акција против дрога и проституција! ХАОС ВО ТУРЦИЈА

Осум лица се уапсени во голема полициска акција во Истанбул, меѓу кои и актерката Езги Еџубоглу, позната по улогата на Ајбиге во серијата „Сулејман Величествениот“. Турција е потресена од скандал бидејќи актери,
Go toTop