Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи 

October 9, 2023
1 min read

реклама

 Преку веб страницата – vakcinacija.mk, денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат од Министерството за здравство.

– Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација, се наведува во соопштението од МЗ.  

реклама

Со бесплатна вакцинација, како што посочуваат од Министерството за здравство ќе бидат опфатени следните ризични групи:  

– Стари лица (над 65 години)  

реклама

– Лица со хронични заболувања  

– Здравствени работници  

реклама

– Бремени жени  

– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години  

– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

– Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на месец октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од Министерството за здравство. 

Оттаму посочуваат дека со пополнување на апликацијата граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин.

-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, се додава во соопштението. 

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: 

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судирите продолжуваат: Израелската армија тврди дека околу илјада палестински борци влегле во Израел од Газа

Следно

Блупринт групата се повлекува од процесот на изработка на новиот Кривичен законик

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop