Почнува ОФФест со врвни музичари од осум земји

June 5, 2025
1 min read

Почнува ОФФест со врвни музичари од осум земји. На 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји.

– Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите. ОФФест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања, најавуваат организаторите.

Меѓу учесниците се Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтанза“ од земјава, Кимо Похјонен од Финска, Vieux Farka Touré од Мали, Јулија Козакова Трио од Словачка, Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) од Италија, Марија Жоао од Португалија, Флоренс Адони од Гана, Мордаи од Унгарија.

На првата вечер во Национална опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Драган и Ратко Даутовски од Македонија и Canzoniere Grecanico Salentino од Италија.

Целата програма на фестивалот на овој линк.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чурлинов: Не е важна Белгија, туку како ќе одигра Македонија

Следно

Сончево и топло време, попладне нестабилно

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop