Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

September 8, 2024
1 min read

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка„ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на  списанието  за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати

Следно

Николоски: Ние сакаме и ќе ја изградиме пругата кон Бугарија, но поевтино и порационално

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop