Почна судењето на родителите на малолетниот убиец Кецмановиќ

January 29, 2024
1 min read

Со потресни сцени, во Вишиот суд во Белград почна судењето на сопружниците Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетникот кој на 3 мај минатата година уби девет ученици и член на обезбедувањето на  училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, пред почетокот на судењето изјави дека очекува законско и правично судење. 

„Очекувам законско и правично судење, на крајот од кое судот ќе ги осуди обвинетите за кривичните дела што им се ставаат на товар врз основа на предложените докази на обвинителството.“ – рече Ненад Стефановиќ –  Главен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Судењето на самиот почеток беше прекинато бидејќи обвинителството побара да се исклучи јавноста за да се заштитат малолетниците, а беше донесена одлука за исклучување на јавноста. Дел од родителите кои дојдоа на судењето носеа слики од нивните деца. Претставникот на оштетените родители Огнен Божовиќ на почетоткот на рочиштето бараше одговорност и од самото училиште.

„Мене ми е жал што денеска не можеа камерите да бидат во судницата за да може да се види вистинската мотивација на оваа постапка која ја водат родителите, да се свати загубата и болката кои овие луѓе ги преживееја. Денешните сослушувања беа потресни, но и отежнувачки, бидејќи по моето скромно мислење праќаат очаен повик кон сите, почнувајќи од родителите, преку образовните институции, државните органи, целото општество.“ – вели Огнен Божовиќ – полномошник на оштетените родители.

 

Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград е предложено судот да го осуди таткото Владимир Кецмановиќ на затворска казна од 12 години, мајката Миљана на затворска казна од две и пол години, додека за сопственикот и инструкторот во стрелачкиот клуб по три години затвор. Владимир Кецмановиќ се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност, односно затоа што го обучувал својот 13-годишен син да ракува со воздушно и огнено оружје, го носел на стрелиштето, што не е соодветно на возраста на момчето, како и поради тоа што не го чувал оружјето на безбедно, како што е предвидено со закон.

Вишото јавно обвинителство поднесе кривична пријава против мајката на момчето, Миљана, за кривично дело недозволено изработување, држење и држење оружје и распрскувачки материи. Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби на членовите на семејството на убиениот и за надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Краков, градот на полските кралеви

Следно

Средба Митрески – Гир

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop