Почна собраниската расправа за интерпелацијата на Тошковски

January 10, 2025
1 min read

Селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември, негарантирање еднаквост и безбедност за сите граѓани, неспособност за праведност и реторика која ја продлабочува етничката поделба, се само некои од причините за интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“.

Како што рече вечерва пратеникот Елми Езири, образложувајќи ја интерпелацијата во Собранието, Тошковски не ги исполнува своите обврски и затоа треба да понесе одговорност.

Според Езири, откако Тошковски е министер за внатрешни работи, МВР е претворено во ВМРО, а кај Албанците се намалува довербата во оваа институција.

– МВР е најбитното Министерство, неопходно за ред, стабилност и функционалност на државата, но за нас со декади е институција во која Албанците не се третирани на еднаков начин. Критериум е етничката припадност, а вие не дадовте најдобар пример граѓаните да ја сменат таа перцепција за Министерството. Денес МВР за помалку од седум месеци се претвори во МВР-ВМРО, земјава се претвори во полициска држава која им се заканува на граѓаните, ги заплашува конкретно Албанците да не креваат глас. Ова не може да се толерира, истакна Езири.

Тој оцени и дека Тошковски го почнал својот мандат со мега скандал. – Ги апсевте младите Албанци, а продолживте со изнесување неосновани обвиненија кон новинарот Фуркан Салиу кој потоа ја докажа својата невиност. МВР исто како и пред 2017 година, стана главен предизвикувач на институционална дискриминација. И покрај изјавите дека ќе биде раководено од Албанец, тоа не се случи и се продолжи по старо. Недовербата во МВР кај Албанците се зголемува, нивните функции во полицијата се деградирани, замениците директори се таму само кукли, а видовме и како ги делгитимиравте во ноември, рече пратеникот.

Тошковски во одговорот рече дека интерпелацијата е обид за манипулација и дефокус на македонската јавност.

– Во образложението не кажавте апсолутно ништо, а додека зборувавте не Ве слушнав ниту еднаш освен Албанците, да ги спомнете и Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците,…. и сега Вие ќе зборувате за селективен пристап и несоодветен третман на етничките заедници? Инаку, не се апсат Албанци, Македонци, Турци, Власи, туку се апсат криминалци и ќе се апсат. Сите кои душмански го краделе народот ќе се апсат, но не со циркузи како во ваше време, туку културно, му порача Тошковски на Езири.

Според министерот, не е точно тврдењето на Езири дека е намалена довербата на Албанците во МВР.

– Велите, Албанците немаат доверба во МВР. Лажете дека е намалена довербата, зголемена е, истакна Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието вечерва ги отфрли интерпелациите за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стољковиќ

Следно

Гаши: Интерпелацијата на Даути не значи и нејзино разрешување, гласањето нема правно дејство

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop