Почна швајцарскиот проект „Култура за развој“ за поддршка на независниот културен сектор во земјава

May 16, 2025
1 min read

Во Музејот на Македонија денеска беше промовиран швајцарскиот проектот „Култура за развој“, што го спроведува Хеартефакт Фонд и има за цел да даде поддршка за независен, разновиден и инклузивен културен сектор во земјава.

Проектот ќе ја зајакне улогата на секторот во унапредувањето на демократските вредности, зајакнувањето на недоволно застапените гласови, поттикнувањето дијалог и социјална кохезија и придонесот кон демократски и социо-економски развој, соопшти Хартефакт Фонд.

Со вкупен буџет од над 1.9 милиони швајцарски франци, проектот се фокусира на три главни цели: да ги зајакне културните и уметничките организации да бидат добро обезбедени со ресурси и капацитети и финансиски одржливи, да создаде поповолни услови за независната културна сцена, да ги поттикне граѓаните, вклучително и ранливите групи, да ја користат културната сцена за подигнување на свеста за општествено релевантни теми.

Швајацарската амбасадорка Вероник Хулман на настанот ја потврди долгорочната посветеност на Швајцарија за инклузивен и одржлив развој преку културна ангажираност. Таа истакна дека културата не е само израз на идентитет и креативност, туку и моќна алатка за дијалог, демократско учество и општествена трансформација. Амбасадорката потенцираше дека Швајцарија со години го поддржува културниот сектор, а со овој нов проект поддршката станува уште посеопфатна.

Во рамките на промотивниот настан се одржа и панел-дискусија која се осврна на надминување на јазот меѓу потребите на независната културна сцена и досегашниот напредок. Говорниците ја нагласија важноста од соработка во секторот, поддршка за разновидни уметнички практики и улогата на културата во унапредување на социјалната кохезија и благосостојба.

Беше претставена и програмата за грантови на проектот, преку која беше најавено дека во рамки на „Култура за развој“ ќе бидат поддржани над 60 проекти во периодот од четири години, (од 2025 до 2028 год.) преку четири видови грантови: Уметнички грантови, Институционални грантови, Грантови за размена на знаење преку работа (Job Shadowing), и Грантови за застапување, со вкупен фонд од 1.140.000 швајцарски франци.

На настанот присуствуваа учесници од различни сектори и области, меѓу кои претставници на културни и уметнички организации, индивидуални уметници, граѓански организации фокусирани на општествен развој, како и медиуми од Скопје и од целата држава.

Во моментов е отворен повикот за Уметнички грантови, а крајниот рок за аплицирање е 6 јуни 2025 година. Заинтересираните организации можат да добијат повеќе информации за грантовите и претстојните јавни повици преку учество на Информативните денови, кои започнуваат во понеделник, 19 мај, во Скопје продолжуваат низ целата држава, или преку веб-страницата на проектот: https://heartefact.org/mk/grantovi/grantovi-za-sproveduvanje-kulturni-i-umetnicki-proekti/https://heartefact.org/sq/fond/grante/grantet-per-projekte-kulturore-dhe-artistike/

Проектот „Култура за развој“ претставува значаен чекор кон изградба на посилно и пообединето општество, нудејќи бројни можности за културните заедници, организации и индивидуалци низ Северна Македонија, наведуваат од Хартефакт Фонд.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранските и европските претставници се состанаа во Истанбул на нуклеарни преговори

Следно

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop