Почна имплементацијата на Законот за спречување на нефер трговски практики

March 19, 2024
1 min read

Една недела по донесувањето на Законот за спречување на нефер трговски практики, регулаторното тело за негова имплементација почна со работа. Комисијата за заштита на конкуренцијата во рок од 6 месеци ќе ги усогласи сите подзаконски акти за негово спроведување, а се очекува и проширување на човечките капацитети за теренски контроли. Трговците на синџирите супермаркети од времето на пандемијата до мерките за замрзнување на цените, ги поскапеа прехранбените производи за 35-70% без да пријават фактури за толку високи трошоци. Дури и во 2023 година, според првиот човек на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Ана Николоска, има 9 активни прекршочни постапки против фирми кои го прекршиле Законот за заштита на конкуренцијата и кои, според неа, се очекува да бидат казнети оваа година.

Од оваа комисија велат дека потрошувачите не се незаштитени бидејќи има и други актуелни закони кои го регулираат проблемот. Во изминатиов период беа откриени 26 нефер практики, односно трговците и добавувачите манипулирале со цените на храната и земјоделските производи. Но, од 13 септември оние кои ќе го прекршат Законот за спречување на нефер трговски практики ќе бидат казнети со парична казна до 20 илјади евра, па и со затворање.

Законот за спречување на нефер трговски практики е нов и за земјите од регионот и за ЕУ. Во моментов на Балканот тој постои во Словенија, Хрватска и Бугарија. Очекувањата се дека законот ќе ја ограничи профитната маржа на не повеќе од 10%. Тоа се очекува дека ќе резултира со стабилизирање на малопродажните цени за крајните потрошувачи. Од 1 март завршија владините мерки за гарантирани цени, но до 15 мај не се очекуваат драстични поскапувања, датум кој се поклопува со завршувањето на двата изборни циклуси. Потоа од средината на мај, па сè до септември не се знае по кои цени граѓаните ќе плаќаат за истите производи./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Али Ахмети направи Европски фронт со Зејд, му фалат уште Тачи, Села и Хоџа

Следно

Геодезите обвинуваат за притисоци

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop