Починала 17-годишната девојка која беше прегазена на булеварот „Борис Трајковски“, а возачот избега

September 1, 2023
1 min read

реклама



17 годишната девојка која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“ починала на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, потврдуваат од Министерството за здравство за „Фокус“.

Девојката била веднаш оперирана, но вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите.

реклама

-На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен крадец од Скопје за издржување затворска казна

Следно

СПЕЦИЈАЛНАТА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 НА 44. „БРАЌА МАНАКИ“ ЗА ИРСКИОТ КИНЕМАТОГРАФЕР ШЕЈМАС МЕКГАРВИ

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop