ПОЧИНА ТИТО ЏЕКСОН, ЧЛЕН НА ПОП ГРУПАТА „ЏЕКСОН 5“ И БРАТ НА МАЈКЛ ЏЕКСОН

September 16, 2024
1 min read

Тито Џексон, член на оригиналната постава на поп групата „Џексон 5“ и брат на покојниот Мајкл Џексон, почина на 70 години, објавија американските медиуми. Причината за смртта не е наведена.

Тито настапуваше со легендарната група заедно со браќата Џеки, Џермејн, Марлон и Мајкл, кој почина во 2009. Групата требаше да има концерт во Минхен пред да почине Тито.

Тој беше третиот од деветте деца Џексон, кое стана едно од најпознатите музички семејства на светот под водство на таткото Џо. За разлика од Мајкл и Џенет Џексон, Тито не оствари значајна соло кариера и беше најмалку експонираниот член на групата, кој истовремено свиреше гитара. Тој го објави првиот соло албум дури во 2016 и своевремено кажа дека повеќе сакал да се фокусира на одгледувањето на своите три деца.

Како член на „Џексон 5“, која имаше неколку број еден хита во 1970-тите, Тито Џексон беше примен во Рокенрол куќата на славните во 1997.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Вакциналниот скептицизам“ ќе донесе епидемиско ширење на морбили, ковид и грип, тврди доктор Даниловски

Следно

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop