Почина славната актерка Брижит Бардо

December 28, 2025
1 min read

Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот на 70-тите години, таа се повлече од глумата и се посвети на политичкиот активизам, каде што нејзината страсна борба за правата на животните се претвори во коментари за етничките малцинства и отворена поддршка за француската крајна десница, што ѝ донесе низа пресуди за поттикнување расна омраза, пишува Гардијан.

Бардо ја освои не само филмската публика, туку брзо стана инспирација за уметниците и интелектуалците. Меѓу нејзините обожаватели беа Џон Ленон и Пол Мекартни, кои ги замолија своите девојки во тоа време да ја обојат косата сино за да личат на неа.

На почетокот на 1960-тите, Бардо се појави во голем број значајни француски филмови, вклучувајќи ја драмата „Вистината“ на Анри-Жорж Клузо, номинирана за Оскар, „Многу приватна афера“ на Луј Мал и иконскиот „Презир“ на Жан-Лик Годар. Во втората половина од деценијата, таа прифати и неколку холивудски понуди, меѓу кои се издвојува мексиканската историска комедија „Viva Maria!“ со Жана Моро и вестернот „Shalako“ со Шон Конери.

Се пензионираше од светот на глумата во 1973 година на 39-годишна возраст, по снимањето на филмот „Поучната и радосна приказна за Колинот“. Нејзин примарен фокус стана активизмот за животните. Во 1977 година, таа се приклучи на протестите против ловот на фоки, а во 1986 година ја основа Фондацијата Брижит Бардо.

Бардо подоцна испрати протестни писма до светските лидери поради истребувањето на кучињата во Романија, убивањето делфини на Фарските Острови и уништувањето на мачките во Австралија. Редовно изразуваше силни ставови за религиозното колење на животните. 

Во својата книга „Врисок во тишината“ од 2003 година, таа промовираше десничарска политика и ги напаѓаше хомосексуалците, наставниците и, како што изјави, „исламизацијата на француското општество“, за што беше обвинета за поттикнување расна омраза.

Таа долго време го поддржуваше Францускиот Национален Фронт (денес Национален собир). 

Брижит Бардо беше во брак четири пати: со Роже Вадим (1952 – 1957), Жак Шарие (1959 – 1962), со кого го доби својот единствен син Никола во 1960 година, Гинтер Сакс (1966 – 1969) и Бернар д’Ормал, поранешен советник на Ле Пен, со кого се омажи во 1992 година. Таа, исто така, имаше голем број бурни врски со познати мажи, вклучувајќи го актерот Жан-Луј Трентињан и музичарот Серж Генсбур.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слот: Нашите навивачи покажаа најголема почит

Следно

Филипче побегна, Нова година во Дубаи – на баци рака кај Заев

Latest from Blog

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за
Go toTop