Почина скопјанката која беше турната од трет кат на зграда во Охрид

March 21, 2024
1 min read

Скопјанката којашто на 8 март  беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид им подлегна на повредите. Во веста што ја пренесува порталот Охрид1 се наведува дека три дена по овој настан охридската полиција поднесе кривични пријави против две лица.

Првата против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Според МВР, на 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал триесет и деветгодишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кличко: Десетмина повредени во руски ракетен напад врз Киев

Следно

КОЛЕКЦИЈАТА НА СОЛИДАРНОСТА НА МСУ СО 148 ДЕЛА ВЕЧЕРВА НА ИЗЛОЖБА ВО ПРАГА

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop