Почина папата Франциск

April 21, 2025
1 min read

Почина папата Франциск, објави кардинал Кевин Фарел, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Тој беше 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан. Почина на 88-годишна возраст.

„Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот свет отец Франциск. Во 7 часот и 35 минути утрово Римскиот бискуп Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата црква. Тој нè научи да ги живееме евангелските вредности со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните. Со неизмерна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, душата на папата Франциск ја поклонуваме на бескрајната милосрдна љубов на Едниот и Троичен Бог“, објави кардинал Фарел.

На 14 февруари, понтифот беше примен во болница со тешка респираторна инфекција, а беше отпуштен на 23 март. Тој вчера кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците. 

Секуларното име на папата било Хорхе Марио Бергољо. Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина. Тој беше првиот језуит и првиот латиноамериканец, како и првиот член на црковниот ред од Григориј XVI (1831–1846) и првиот неевропеец по Григориј III (731–741) кој ја зазеде оваа позиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Следно

Во Охрид изгореа седум хектари со трска!

Latest from Blog

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото
Go toTop