ПОЧИНА НОБЕЛОВЕЦОТ МАРИО ВАРГАС ЉОСА, ЏИНОТ НА ЈУЖНОАМЕРИКАНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

April 14, 2025
1 min read

Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, џинот на јужноамериканската култура, почина на 89 години, објави неговиот син Алваро. Варгас Љоса беше водечката личност на јужноамериканската книжевна сцена во 1960-тите и продолжи и во следните децении да објавува романи и есеи, кои се преведени на бројни јазици. Во 2010 ја прими Нобеловата награда за литература.

Роден на 28 март 1936, Варгас Љоса како тинејџер посетувал воена академија во Лима и работел како локален новинар. Како студент по право и литература почнал да пишува раскази, а во 1959 се преселил во Париз и таму живеел неколку години.

Првиот роман „Времето на херојот“ го објавил во 1963 и веднаш остварил успех, што го продолжил со вториот роман „Зелената куќа“ од 1965, со кој го потврдил својот статус на клучен јужноамерикански автор.

Во кариерата напишал повеќе од 50 дела, вклучувајќи ги романот „Војната на крајот на светот“ од 1981 и политичкиот трилер „Празникот на прчот“ од 2000.

Љоса живеел во повеќе градови во странство и предавал на универзитети во САД, Јужна Америка и Европа. Од 1976 до 1979 бил претседател на Меѓународното здружение на писатели (ПЕН). Бил и политички активен, прво како марксист во младоста, од што подоцна се разочарал, па се насочил кон либералната демократија. Во 1990 се кандидираше за претседател на Перу, но не беше избран. Во 2011, шпанскиот крал Хуан Карлос му додели шпанско државајнство.

Својот последен роман насловен „Тешки времиња“ го објави во 2019, но три години подоцна излезе неговата прва детска книга „Фончито и месечината“. Истата година најави дека работи на роман за перуанската музика.

„‘Марио, единствената работа за која си добар е пишувањето‘, ми кажа бившата сопруга Патрисија еднаш. Тоа го прифатив како комплимент, зашто никогаш не сум се откажал од порокот, страста и чудото на пишувањето“, изјави Варгас Љоса во 2010.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грлиќ Радман: Земјите од Западниот Балкан треба да промовираат регионалната стабилност и добрососедски односи

Следно

Кинотека на Македонија е нов дом на целиот филмски опус на култниот американски режисер Марк Рапапорт

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop