Почина Милка Ефтимова, оперска примадона и професорка (1936–2025)

August 13, 2025
1 min read

Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, легенда на македонската оперска сцена и долгогодишна педагошкиња. Имаше 89 години. Веста ја потврди нејзината ученичка, оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова, со која Ефтимова остана во постојан контакт до последните денови.

Родена во Радовиш на 26 февруари 1936 година, Ефтимова средно музичко образование заврши во Штип, а студии на Музичката академија во Љубљана. Професорствуваше на Факултетот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје, воспитувајќи генерации пејачи. На оперската сцена застана во 1961 година во улогата на Азуцена во Вердиевиот „Трубадур“, а јубилејното простување од сцената го имаше со „Кармен“ во 1991 година — нејзина 157-ма изведба на оваа ролја.

Во богатата кариера отпеа четириесет оперски улоги, бројни партии во ораториуми и кантати и настапи повеќе од 1.200 пати на оперски и концертни сцени во дваесетина земји ширум светот. „Таа беше моја професорка осум години и ми ја следеше целата кариера… секогаш знаеше каде настапувам следно“, се сеќава Ѓиновска-Илкова.

Во декември 2023 година Музејот на македонската борба во Скопје приреди изложба од нејзините лични предмети — фустани, фотографии, плакети и награди — чиј автор беше Василија Чали. На настанот настапија Весна Ѓиновска-Илкова, Владимир Саздовски, Ристе Велков и Јаворка Витанова со пијано придружба на Андреј Наунов, а за делото на Ефтимова зборуваше професорот д-р Александар Трајковски. „Добро е, издржав, инаку срцето ќе ми пукнеше од среќа“, рече тогаш примадоната, тивко потпевнувајќи ги ариите што ги прославија.

Последните години ги помина во дом за стари лица во Скопје, каде во февруари оваа година блиските ѝ приредија скромна, но емотивна прослава за 89-от роденден.

Националната опера и балет информира дека посмртните останки ќе бидат изложени в сабота, 16 август, од 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на градските гробишта. Македонија се простува со примадона чиј глас и педагошко наследство оставија длабок траг во нашата музичка култура.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вреди: Османи 20 години без проекти за Чаир, на 19 октомври следи пораз

Следно

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Latest from Blog

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна

Николоски од Вашингтон: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот развој на Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот на Светска банка во Вашингтон зборуваше за значењето на паневропските транспортни коридори 8 и 10, истакнувајќи дека тие се меѓу најважните инфраструктурни проекти

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира
Go toTop