Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

September 7, 2025
1 min read

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми.

Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа претрпе сериозни повреди на главата и ‘рбетот.

Вукобратовиќ зад себе остави бројни проекти, а јавноста најмногу го памети како режисер на култната телевизиска серија „Подобар живот“.

По повод смртта на Вукобратовиќ, се јави неговата колешка, актерката Лидија Вукиќевиќ.

– О, многу ми е жал, прекрасен човек и прекрасен режисер, работеше на половина од серијата „Бољи живот“, работев со него и на „Играта на судбината“, разумен, добар режисер и пријател, смирен, воздржан, од ненадејни емоции, бев многу потресена – изјави Лидија за „Блиц“.

Тој ги режираше најпознатите и најгледани серии на просторот на поранешна Југославија и Србија: Подобар живот, Бел брод, Семејно богатство, Доларите доаѓаат, Херои на нашето време, Вистини и лаги, Играта на судбината.

Тој беше директор на театарот Теразије 12 години кога беа поставени познатите мјузикли: Чикаго и Зона Замфирова.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужасен ритуал за зависници од дрога во тивок манастир- пијат нешто одвратно, па „испуштаат душа“ (ВИДЕО)

Следно

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – ова се историските настани

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop