Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

March 21, 2025
1 min read

Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој беше тешко повредено при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.

Тој на 27 јануари беше префрлен на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде неговата состојба беше критична, но стабилна.

Од младиот човек денеска се простија студенти и професори од економското училиште „Светозар Милетиќ“ каде Вукашин учеше, како и бројни граѓани на Нови Сад.

На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.

Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Туркије ги поддржува мировните преговори меѓу Русија и Украина предводени од САД

Следно

Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop