ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА КАНТРИ МУЗИКАТА И АКТЕР КРИС КРИСТОФЕРСОН

September 30, 2024
1 min read

Крис Кристоферсон, наградуваниот американски кантри музичар и актер кој работеше со Џони Кеш и Мартин Скорсезе, почина на 88 години во својот дом на Хаваи, објави семејството. Покрај тоа што се прослави како автор на песни, вклучувајќи ја „Јас и Боби Меги“ (Me and Bobby McGee), чија најпозната верзија ја испеа Џенис Џоплин, Кристоферсон имаше и усшешна актерска кариера.

Крисоферсон беше пацифист, револуционер, актер, суперѕвезда, секс симбол и семеен човек“, објави семејството.

Роден во Тексас во 1936, Кристоферсон стана водечка личност во кантри музиката. Откако дипломирал на Оксфорд се вратил во САД и се придружил на војската, каде што предавал литература. Во 1965 го посетил Нешвил и по само две недели ја напуштил војската, по што се преселил во овој град за да гради музичка кариера.

Тој објави 22 албуми во периодот од 1970 до 2016 и трипати освои Греми за најдобра кантри песна.

Како актер дебитираше во 1971 и освои Златен глобус за „Ѕвезда е родена“ во 1977, во кој играше со Барбра Стрејсенд. Помладите генерации го запознаа преку филмскиот серијал „Блејд“.

Во 1985 ја формираше супергрупата „Хајвејмен“, заедно со Џони Кеш, Вејлон Џенингс и Вили Нелсон. Се женеше трипати и доби осум деца.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР на Бугарија Кондов и на неговиот унгарски колега Сијарто му рекол: Не ни треба посредник со Македонија

Следно

Изгубената планинарка утрово пронајдена на Шар Планина без знаци на живот

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop