Почина легендарниот актер Доналд Сатерленд

June 20, 2024
1 min read

Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд, чија кариера се протегаше од 1970-тите до 2020-тите, почина на 88-годишна возраст по долго боледување во Мајами, пренесуваат странските медиуми.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син, акерот Кифер Сатерленд.

„Со тешко срце ви soop[tuvam дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Be[e еден од најважните актери во историјата на кинематографијата. Го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше, а повеќе од тоа не можете да барате“, напиша Кифер.

Сатерленд стана икона со филмовите како „Валканата дузина“, „МАШ“, „Клут“ и „Не гледај сега“, и уживаше во плодна и широката кариера со филмовите, вклучувајќи ги „Обичните луѓе“ и „Без граници“. Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“.

Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.

Сатерленд зад себе ги остави неговата сопруга Франсин Рацет, синовите Рог, Росиф, Ангус и Кифер, ќерката Рејчел и четири внуци. Неговиот син Кифер го наследи татко му во филмската индустрија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Куче воодушеви над 8 милиони луѓе – Влезе во базен, па се обидуваше да го убеди сопственикот да му се придружи

Следно

Биљали Зендели за ТВ 24: Стоилковиќ има остри ставови кон Косово, Сребреница, НАТО, ЕУ и Албанците

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop