ПОЧИНА КУЛТНИОТ АМЕРИКАНСКИ РЕЖИСЕР ДЕЈВИД ЛИНЧ

January 16, 2025
2 mins read

Почина култниот американски режисер Дејвид Линч, соопшти неговото семејство. Имаше 78 години. Линч е легендарен сценарист и режисер, автор на култната ТВ-серија „Твин Пикс“, на филмовите како „Сино кадифе“ и „Малхоланд дрјав“, „Ирејзерхед“ и „Човек слон“.

Линч го сними својот прв филм во 1977  и веднаш се етаблираше како еден од најспецифичните и највлијателни филмаџии во Холивуд. Неговата драма од 1980  „Човек слон“ беше номинирана за дури осум оскари, а самиот Линч четири пати беше номиниран низ кариерата, но ниту еднаш не успеа да го освои. Во 2019 доби почесен Оскар. Во 1990 ја освои Златната палма во Кан за „Диви во срцето“.

Никој што ги видел делата на Линч не можел да ги помеша со туѓи. За разлика од другите водечки автори, тој не припаѓа на движење или лесно се вклопува во некој жанр. Иако неговите филмови го повторуваа начинот на размислување на Луис Буњуел или Салвадор Дали – критичарката Полин Каел го нарече „првиот популистички надреалист“ – и беа под влијание на такви филмски ноар класици како „Булевар на самракот“ на Били Вајлдер, тие беа уникатни. Неговите креации, всушност, изгледаа безвременски, чудно исклучени од која било одредена ера или место, што ги направи уште позапрепастувачки и вознемирувачки.

Лани во август, тој кажа дека поради долгогодишното пушење цигари добил емфизем или Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и дека го исцрпува. Тој рече дека се плаши да излегува надвор од страв да не се разболи од ковид-19. Емфизем е неизлечива болест предизвикана од изложеност на чад од цигари и загадување на воздухот. Оваа хронична белодробна болест ги отежнува одењето и дишењето и се влошува со тек на времето.

„Пушењето беше нешто што апсолутно го сакав, но на крајот ме упропасти. Тоа беше дел од мојот уметнички живот: тутунот и неговиот мирис, ништо слично на овој свет не е толку убаво. Во меѓувреме, тоа ме убиваше. Затоа морав да се откажам“, кажа Линч.

Дијагнозата ја наруши успешната кариера на Линч. По пандемијата во 2020, Линч експериментираше со сликање и правење нова музика, што доведе до неговиот заеднички албум со уметницата Кристабел.

Линч речиси никогаш не го откриваше значењето на симболиката на своите режисерски избори, но во книгата „Соба за сонување“ од 2018 ја посочи и Македонија како инспирација за незаборавна сцена од најновата серија „Твин Пикс“. Осмата епизода, што сајтот „Индиваер“ ја прогласи за најдобра телевизиска програма за 2017 година, завршува со црно-бел кадар со девојка, на која од уста ѝ излегува чудно суштество со изглед на жаба и молец. Линч вели дека инспирација за тоа добил додека патувал со воз низ Европа, кога поминал и низ Македонија.

Тој патувал со Ориент-Експрес од Атина за Париз, а кога возот на кратко застанал во Гевгелија, забележал како неколку патници се упатуваат кон исто место, па решил да ги следи.

„Тие одеа кон слабо осветлените тезги, кадешто се продаваа сите тие разнобојни пијалоци – виолетови, зелени, жолти, сини, црвени, но тоа, всушност, беше обична шеќерна вода. Кога излегов од возот, стапнав на мека прашина, а кога задува, од земјата почнаа да скокаат огромни молци налик на жаби. Тие летаа и одеа нагоре-надолу. Оттука идејата за овие молци-жаби во светот на Твин Пикс“, напиша Линч во книгата и рече дека повторно се потсетил на сцената од Македонија додека ја пишувал осмата епизода од серијата.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Николоски: Следува година на инфраструктурна офанзива низ државата

Следно

Прв телефонски разговор помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop