ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ И ДИРИГЕНТ КИРЕ КОСТОВ, АВТОР НА ХИТОВИ КАКО „ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ И „КОГА ТЕ НЕМА“

July 27, 2023
1 min read

По подолго боледување, почина композиторот и диригент Кире Костов, соопшти Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). Имаше 73 години.

Костов е роден во 1949 во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до 2010 и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Костов таа година бил прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и бил избран да ја претставува Југославија во тој оркестар.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот,  како: ,,Акварел“, „Бела ноќ“, Македонска суита 1 и 2 „Нени“, „Травелинг“, „Догледање“, „Алегорија“, „Лепе ти је Беле Вирје“, „Си заљубив едно моме“.

Од областа на популарната музика има околу 300 наслови како што се „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“, „Само сеќавање“, “Не биди слеп“, „Манастирски сон“, „Моја Битола“, „Охридски спомени“, „Бела птица“, „Кој да ти каже“, „Тонови тајни“, „Ти пеам песна“, „Рум,дум,дум“, „Љубовна религија“, „Што те нема“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овој фестивал произлегоа преку 200  песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови, како „Наташа од трето три“.

Бил уметнички директор на Интерфест – Битола за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се пензионира легендарен шпански фудбалер, до пред една недела не размислувал за тоа (ВИДЕО)

Следно

ФОТО: Полицијата на готовс, во центарот на Скопје не може пиле да прелета

Latest from Blog

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Романија прогласи воздушна тревога поради напад на руски дрон близу границата

Во Романија, населението на областите Тулча и Галац доби воздушен аларм RO-ALERT во понеделник навечер поради нападите со руски беспилотни летала во Украина. „Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, нови напади со
Go toTop