ПОЧИНА КОМИЧАРОТ РИЧАРД ЛУИС

February 28, 2024
1 min read

Ричард Луис, стенд-ап комичарот кој глумеше и заедно со Лери Дејвид во „Зауздај си го ентузијазмот“ (Curb Your Enthusiasm), почина од срцев удар. Имаше 76 години. Луис минатиот април објави дека му била дијагностицирана Паркинсонова болест и дека се повлекува од стенд-ап комедијата.

Последно играше во 12-та сезона на „Зауздај си го ентузијазмот“, која моментално се емитува на „Ејч-Би-О“. Во 2021, Луис објави дека нема да игра во 11-та сезона на серијата за да се опорави од три операции. Ги изненади гледачите со тоа што се врати за една епизода од 11-та сезона, и тогаш изјави: „Кога влегов и сите аплаудираа, се чувствував како за милион долари. Лери не сака да се гушка, а ме прегрна и ми кажа колку е среќен откако ја снимивме нашата сцена“.

„Неговата комична брилијантност, духовитост и талент беа неспоредливи“, кажа „Ејч-Би-О“ во изјавата по повод смртта на Луис.

Луис, кој играше полуфикционализирана верзија на себеси во текот на 24-те години на „Зауздај си го ентузијазмот“, беше познат по својот невротичен, самопонижувачки стил на комедија. Откако дебитираше на ТВ во „Дневникот на еден млад комичар“ од 1979, Луис стана познат во 1980-тите и 1990-тите со настапите во „Вечерното шоу“ и Шоуто на Дејвид Летерман. Ја прикажа својата мрачна, агилна личност во неговата специјална комедија „Ме боли“ од 1985, следејќи ја со специјалните емисии на „Ејч-Би-О“ „Исцрпен сум“ (1988), „Осуден сум на пропаст“ (1990) и „Ричард Луис: Турнеја за магична мизерија“ (1997). Во 1989, Луис доби главна улога во ситкомот „Сè освен љубов“, во кој глумеше со Џејми Ли Кертис. Меѓу филмските улоги на Луис се во комедијата „Робин Худ: Мажи во хулахопки“ од 1993, драмата „Заминувајќи од Лас Вегас“ од 1995 и ром-комот „Хуго пул“ од 1997. Во „Пијаници“ – во кој глуми ансамбл во кој се Феј Данавеј, Џорџ Мартин, Паркер Поси, Хауард Ролинс, Спалдинг Греј и Дајан Вист, Луис играше алкохоличаар и зависниик од дрога.

Во текот на неговата кариера, комичарот беше искрен и за неговата битка со зависноста од дрога и алкохол, а во стенд-ап настапите се осврнуваше на неговото закрепнување и борбата со депресијата и анксиозноста. Луис, поранешен корисник на кокаин и кристален мет, рече дека неговата одлука да се отрезни е делумно инспирирана од смртта на Џон Кенди во 1994.

Во 2021, по враќањето во „Зауздај си го ентузијазмот“ по битките со нарушеното здравје, Луис изјави: „Го посветив мојот живот на комедијата и на отрезнувањето во последните речиси 27 години. Сега сум обземен од радост. Никогаш не научив како да ја задржам радоста во мојата глава повеќе од една минута, но денес ги соборувам сите рекорди во мојот живот“.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Господари сме во сопствената куќа, ние не сме малцинство – ние ја водиме државата

Следно

Хрватска го добива првиот селектор странец

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop