Почина комичарот Боб Њухарт

July 19, 2024
1 min read

Американскиот глумец и комичар Џорџ Роберт (Боб) Њухарт почина вчера на 94-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување, соопшти неговиот публицист.

Во 1959 година, некои стрипови што ги правел за лична забава додека работел како сметководител во Чикаго, биле забележани од директорот на „Ворнер брос“ што водело кон тоа Боб во 1960 година да го објави комичниот албум „The Button-Down Mind of Bob Newhart“. Плочата го зазеде првото место на топ-листите, а на следната 1961 доби „Греми“ награда за албум на годината, во конкуренција со Нет Кинг Кол, Хари Белафонте и Френк Синатра.

Има освоено три „Греми“ и една „Еми“ награда во период од 50 години, како и Американското одличје „Марк Твен“ за хумор, 20-на други признанија и десетици номинации.

Боб Њухарт зад себе има 45 играни филмови и ТВ-проекти. Познат е по улогите во „Бубалици“ (The Big Bang Theory), „Младиот Шелдон“ (Young Sheldon), „Прописно русокоса 2“ (Legally Blonde 2), „Библиотекарот“ (The Librarian) и други познати филмови и ТВ-серии.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Член на Владата на Аргентина е разрешен од функцијата откако побара извинување од Меси по финалето на Копа Америка! (ВИДЕО)

Следно

Се празнува Преподобен Сисое Велики

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop