Почина карикатуристот Лазо Плавевски

June 4, 2023
1 min read

На 69-годишна возраст, по кусо боледување почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски, соопшти Музејот на современа уметност.

Плавевски e роден 1954 година во Скопје. Во текот на својата повеќе од четиридецениска професионална активност, остави значајно творечко наследство во македонскиот културен простор. Карикатурист, историчар на уметноста, куратор, ликовен критичар, кој до своето пензионирање во 2021 година работеше како кустос советник во Музејот на град Скопје. Како куратор има организирано голем број самостојни и групни изложби на современи македонски автори. Од 1995 до 2009 година е редовен соработник и член на редакцијата на списанието за визуелни уметности „Големото стакло“, издание на Музејот на современата уметност- Скопје и автор е на голем број текстови и осврти за современата македонска уметност.

Плавевски припаѓа на генерацијата карикатуристи, која на културната сцена настапи на почетокот на осмата деценија од минатиот век. Карикатури објавува од 1970 година во повеќе списанија во земјава и странство, а во 1976 година ја добива наградата GRAND PRIX на Светската галерија на карикатури во Скопје. Како карикатурист реализирал неколку самостојни проекти и учество на повеќе групни изложби

Во 1995 година ја објавува „Нема книга / карикатури 1990 – 1993“, а во 2001 година, заедно со Мирослав Грчев, книгата „Картички“. Во форма на каталог/книга во 2009 година публикуван е проектот „Неупотребливи белешки“, а во 2016 година на порталот Окно е објавена неговата електронска книга „Речитатив за Tемниот Вилает“.

На 16 април, минатата година во МСУ – Скопје беше отворена неговата самостојна изложба „На тенок мраз“, курирана од Љиљана Неделковска. На изложбата, како приказ на неговото најново творештвото, беа презентирани околу 200 оригинални и дигитални принтови на карикатури, коишто тој од 2015 година континуирано ги објавуваше на веб порталот „Окно“.

Во 2022 година заедно со своите долгогодишни пријатели и колеги како ко-куратор и автор на текст учествуваше во реализацијата на големата ретроспективна изложба на Симон Узуновски во МСУ-Скопје придружена со монографска публикација.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азар би можел да ја заврши кариерата по заминувањето од Реал Мадрид

Следно

Старите камени куќи во турски Битлис, омилена дестинација на љубителите на природата

Latest from Blog

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во

Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS) Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“

(Видео) ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН, ЕВАКУАЦИЈА ВО ТЕК: Огнен фронт се заканува да ги збрише селата околу Париз!

Големиот шумски пожар кој во вчера попладне избувна во познатата шума Фонтенбло, на околу 60 километри југоисточно од Париз, и понатаму се шири, а француските власти мобилизираа стотици противпожарни сили, авиони и

Ќе се реконструира Домот на АРМ, потребни се најмалку 10 милиони евра

Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот
Go toTop