ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКИОТ ФОТОГРАФ ОЛИВИЕРО ТОСКАНИ, ЧИИ КАМПАЊИ ЗА „БЕНЕТОН“ ГО ШОКИРАА СВЕТОТ

January 13, 2025
1 min read

Модниот фотограф Оливиеро Тоскани, кој се прослави со своите шокантни рекламни кампањи за „Бенетон“, почина на 82 години, објави неговото семејство. Поранешниот уметнички директор на „Бенетон“ минатата година објави дека боледува од амилоидоза, ретка неизлечива состојба која ги напаѓа виталните органи и нерви. Тој бил примен во болница во сериозна состојба во петокот.

Неговата работа го привлекуваше вниманието кон општествени теми, како епидемијата на сида, расизам, војна и смртна казна.

Роден во Милано во 1942, Тоскани беше син на фотограф на „Кориере дела сера“ и во текот на кариерата работеше за најпрестижните модни магазини, како „Вог“ и „Џи-Кју“, при што помогна да се лансира манекенската кариера на Моника Белучи. Фотографираше икони на културата како Енди Ворхол, Џон Ленон и Федерико Фелини.

Тоскани кажа дека неговите кампањи имале за цел да ја зголемат свеста за одредени теми (Фото: Гети)

Сепак, со светска слава се стекна како директор во „Бенетон“, функција на која остана 18 години. Користеше модели од сите раси и го популаризирашелогото „Обединети бои на Бенетон“, а неговите провокативни фотографии предизвикуваа контроверзи. Една од нив содржеше крвава облека на војник кој загинал во БиХ, а на друга беше прикажан Дејвид Кирби, маж кој умирал од сида, поради што имаше повици за бојкот на „Бенетон“.

Тоскани се повлече од компанијата во 2000 по спорот околу неговата последна кампања, која вклучи фотографија на затвореници осудени на смрт.

„Моите кампањи имаа за цел да ја зголемат свеста за одредени теми, како човекови права, религија и расизам. Ја искористував облеката за да покренам социјални прашања“, кажа Тоскани своевремено.

Тој се врати во „Бенетон“ во 2017, но три години подоцна пак ја раскинаа соработката.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пораснал бројот на туристи

Следно

30 сантиметри снег во кичевско Колари, некои улици исчистени, некои непроодни

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop