Почина ирската пејачка и кантавторка Шинејд О’Koнор – на светот му го подари хитот Nothing Compares 2 U

July 26, 2023
2 mins read

Почит кон пејачката оддаде ирскиот премиер Лео Варадкар, посочувајќи дека нејзината музика „беше сакана низ целиот свет, а нејзиниот талент беше надвор од секаква споредба“

Музичката уметница од Даблин беше најпозната по нејзиниот сингл Nothing Compares 2 U, издаден во 1990 година, кој се искачи на првото место на музичките топ листи, а беше прогласен за број еден сингл во светот од „Билборд“

Светски позната ирска пејачка, кантавторка и активистка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст.  

Веста во јавноста преку соопштение ја објави нејзиното семејство, кое напиша: 

„Со голема тага објавуваме дека почина нашата сакана Шинејд“, 

Шинејд О’Конор за време на настап на фестивал во Швајцарија во 2008 година / Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Почит кон пејачката оддаде ирскиот премиер Лео Варадкар, посочувајќи дека нејзината музика „беше сакана низ целиот свет, а нејзиниот талент беше надвор од секаква споредба“, пренесува Би-би-си.

Музичката уметница од Даблин беше најпозната по нејзиниот сингл Nothing Compares 2 U, издаден во 1990 година, кој се искачи на првото место на музичките топ листи, а беше прогласен за број еден сингл во светот од „Билборд“. 

Инаку, пејачката, која беше отворена во нејзините општествени и политички ставови, издаде вкупно 10 студиски албуми. 

Нејзиниот прв албум The Lion and the Cobra излезе во 1987 година, влегувајќи во топ 40 во Велика Британија и Соединетите Американски Држави.(САД). 

Нејзиното второ музичко издание I Do Not Want What I Haven’t Got, во кое беше вклучено Nothing Compares 2 U, беше хит број еден. 

Претходно оваа година на О’Конор ѝ беше врачена наградата за класичен ирски албум на RTÉ Choice Music Awards, откако пред две години таа објави дека се повлекува од музичката сцена.   

„Објавувам моето пензионирање. Нема повеќе турнеи и нема повеќе работа со етикети. Стара сум и уморен. Време е да престанам, до сега давав се од себе во бизнисот“,

напиша тогаш Шинејд на Твитер.

Ирската пејачка на прес-конференција во Варшава, Полска во 2008 година / Фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI POLAND OUT

О’Конор, родена во Даблин на 8 декември 1966 година, го добила името по Шинејд де Валера, сопруга на ирскиот претседател Имон де Валера. Таа беше трето од петте деца во семејството.  

Иако продолжи да настапува под името Шинејд О’Конор, пејачката го прифати исламот во 2018 година и го промени своето име во Шухада Садакат. Во 2021 година ги објави своите мемоари Memories, додека минатата година беше издаден филм за нејзиниот живот, режиран од Кетрин Фергусон. 

Пред петнаесет години и беше дијагностицирано биполарно растројство, а во интервјуата зборуваше за други психички проблеми, особено за анксиозност и самоубиствени мисли. Во 2012 година таа ја откажа својата турнеја поради нервен слом. 

Пејачката се мажеше четири пати и имаше четири деца. Нејзиниот син Шејн ненадејно почина минатата година на 18-годишна возраст. 

Пишувајќи на социјалните мрежи по неговата смрт, таа рече дека тој „одлучил да ја прекине својата земна борба“ и побара „никој да не го следи неговиот пример“. 

Настап на О’Конор во клубот Аквариум во Будимпешта / Фото: EPA-EFE/Marton Monus HUNGARY OUT

Покрај со своите музички хитови, таа ќе остане запаметена и по еден значаен и контроверзен настан во нејзината кариера што се случи во 1992 година кога искина фотографија со ликот на тогашниот папа Јован Павле Втори во американското телевизиско шоу Saturday Night Live, каде што таа беше поканета како изведувач, потсетува Би-би-си. 

По акапела изведбата на нумерата War (Војна) на легендарниот Боб Марли Војната на Боб Марли, таа погледна во камерата и рече „бори се со вистинскиот непријател“, во знак на протест против Католичката црква. 

Инцидентот резултираше со доживотна забрана за настап на радиодифузерот Ен-би-си и предизвика протести против неа во Соединетите Американски Држави. 

„Не ми е жал што го направив тоа. Беше брилијантно“,

рече таа во интервју за Њујорк Тајмс во 2021 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изложба во Музејот на град Скопје со бројни поставки ја раскажува приказната за скопскиот земјотрес и деновите по него

Latest from Blog

Божиновска: Македонскиот мермер е национален бренд и економски потенцијал

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска беше во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“, каде ги разгледа процесите на експлоатација, условите за работа и инвестициите во модерна технологија

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса

Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск. Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје

Мицкоски: Европа се соочува со миграциски парадокси и огромна потреба од електрична енергија

Европската иднина на Западен Балкан, политичката интеграција и економските предизвици што ги носат глобалните процеси, беа во фокусот на конференцијата на Паневропската Унија на Македонија, на која говорниците испратија заедничка порака дека

“ЧИСТО Е УБАВО” “ПРИЛЕП ДЕНЕС И ВО ИДНИНА“ – Кампања на ЈКП Комуналец за подобра хигиена во градот – ВИДЕО

Под мотото „Чисто е убаво! Прилеп денес, и во иднина!“, ЈКП „Комуналец“ Прилеп продолжува со засилени активности за одржување на хигиената во градот. Екипите на претпријатието секојдневно се на терен, спроведувајќи активности

Нови детали околу Зинедин Зидан и Франција

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе стане нов селектор на француската репрезентација веднаш по Светското првенство. Тој ќе го заземе местото на сегашниот селектор Дидие Дешамп. Според информациите од познатиот
Go toTop