(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изложба во Музејот на град Скопје со бројни поставки ја раскажува приказната за скопскиот земјотрес и деновите по него

July 26, 2023
1 min read

Посебни чувства, кои тешко се опишуваат со зборови, предизвикува парче црна ткаенина, која раскажува за тогашната потрага по преживеани, а на која со бела креда е напишано: „Васко и Маре се живи се наидуваат во дворот на Жиш“

Часовник од „старата“ желизничка станица, табла со имињата на сите жртви, наслови и насловни страници од весници, се само дел од бројните поставки и експонати кои посетителите можеа и можат да ги видат на изложбата насловена „Скопје – Градот Феникс“ што по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град на земјава чиј организатор е Музејот на град Скопје.  

Влезот во Музејот на град Скопје специјално осветлен за изложбата „Скопје – Градот Феникс / Фото: 360 степени

Изложбата ја раскажува приказната за катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година, како и животот во градот непосредно по трагедијата и сето она што ќе следи во првите месеци по неа. 

Сето тоа е раскажано на паноата и преку изложените музејски предмети и материјали.  

Посебен дел, како што е наведено во најавата за изложбата, која беше отворена вечерва во 20 часот, е посветен на меѓународната манифестација „Средби на солидарноста“, кој, како што велат организаторите е настан од исклучително значење за градот Скопје во 1960-тите години на 20 век.  

Застапени се и бројните меѓународни спортски настани одржани во знакот на солидарноста, во периодот по 1963 до 1981 година, а во соработка со Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет на Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј е подготвено и сеизмолошко катче, каде посетителите имаат можност да ѕирнат во тајните на сеизмологијата. 

Сеизмограф – дел од поставката во Музејот на град Скопје / Фото: „360 степени“

Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос, советник и историчар во Музејот. 

Изложбата ќе биде поставена до крајот на месец август, а влезот е слободен.  

Меѓу поставките кои ја раскaжуваат приказната за земјотресот и деновите и години по него, а кои од вечерва можеа да ги видат постетителите, беа и мапи со голем број држави од светот државите и локациите и населбите каде секоја од нив помагала во санирањето на штетите и помош на жителите.  

Посебни чувства, кои тешко се опишуваат со зборови, предизвикува парче црна ткаенина, која раскажува за тогашната потрага по преживеани, а на која со бела креда е напишано: 

„Васко и Маре се живи се наидуваат во дворот на Жиш“ 

Фото: „360 степени“

На денешен ден – 26 јули во 1963, скопјани ги разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе земјата под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала. 

Земјотресот зад себе остави урнатини, одзеде 1 070 животи, а околу 3 000 лица беа повредени. Над 200 000 жители останаа без покрив над главата. Но, го претвори Скопје и во град на солидарноста – хуманитарна помош за обновување на градот пристигаше од сите страни. 

Во продолжение погледнете ги фотографиите, со дел од експонатите, предметите и материјалите на изложбата, што ги направи „360 степени“:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина ирската пејачка и кантавторка Шинејд О’Koнор – на светот му го подари хитот Nothing Compares 2 U

Следно

Де Хеа се подготвува да замине во Баерн Минхен

Latest from Blog

Иран: Немаме проблем со Бугарија, но имаме право да нападнеме извор на агресија кон нас

„Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, исто така претставува учество во акт на

Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Славески оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. Разговараа за влијанието

Николоски: Со над 5,6 милиони евра ја унапредуваме инфраструктурата во Струга

Над 5,6 милиони евра се инвестираат во капитални проекти во општина Струга преку поддршката од Министерството за транспорт, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Средствата се насочени кон

10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во

Чеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…

ФОТО: UEFA.COM Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател
Go toTop