ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ АКТЕР ТОМ ВИЛКИНСОН

December 30, 2023
1 min read

Британскиот актер Том Вилкинсон, ѕвездата на комедијата „До гола кожа“ (The Full Monty) кој двапати беше номиниран за Оскар, почина ненадејно на 75 години. Вилкинсон ја освои наградата Бафта за „До гола кожа“ од 1997 и 26 години подоцна ја повтори улогата на Џералд во серијата на „Дизни+“.

Тој исто така беше номиниран за Оскар за „Во стапица“ (In the Bedroom) во 2002 и за „Мајкл Клејтон“ во 2008, а освои Еми за улогата на Бенџамин Френклин во минисеријата „Џон Адамс“.

Семејството на Вилкинсон објави дека тој починал дома, без да изнесе повеќе детали.

Со повеќе од 130 филмски и телевизиски улоги во кариерата, Вилкинсон одлично се снаоѓаше во разни жанрови, од историски драми преку комедии до акциони филмови.

Роден во Лидс, Вилкинсон влегол во театарскиот свет на 18-годишна возраст, по што се обучувал на Кралската академија за драмски уметности. Првата голема улога на телевизија ја добил во 1986 година.

Во 1997 ја доби улогата на својот живот, на поранешен надзорник во фабрика кој им се придружува на свои невработени колеги во стриптиз шоу во „До гола кожа“. Нискобуџетниот филм стана британски филм со најголема заработка во тој момент, а на Вилкинсон му ги отвори и вратите на Холивуд, глумејќи во низа блокбастери и фалени филмови.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Следно

Oбјавен e новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop