ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏЕЈМС ЕРЛ ЏОНС, ГЛАСОТ НА ДАРТ ВЕЈДЕР

September 10, 2024
1 min read

Џејмс Ерл Џонс, американскиот актер кој го надмина проблемот со пелтечење во детството за да стане еден од најпрепознатливите гласови на филмот, почина на 93 години во својот дом во Лос Анџелес. Џонс долго време боледуваше од дијабетес, но причината за смртта не беше објавена.

Џонс беше импозантна појава во театар, филм и на телевизија, но тој ќе беше ѕвезда дури и ако неговото лице никогаш не беше видено. Неговиот бас глас беше доминантен во сите проекти во кои што учествуваше, дали како Дарт Вејдер во „Војна на ѕвездите“, Муфаса во „Кралот лав“ или во бројните улоги во драмите на Шекспир.

Во текот на кариерата, Џонс доби три награди Тони, две награди Еми, еден Греми, а еднаш беше номиниран за Оскар. Во 2012 година му беше доделен почесен Оскар.

Роден во Мисисипи во јануари 1931, Џонс не бил во можност да збори во најголем дел од детството поради пелтечењето. Тој подоцна откри дека го развил својот славен глас додека работел на тоа како да се справи со пелтечењето.

Актерската кариера ја почнал во 1950-тите, а првата позначајна улога ја имал во „Доктор Стрејнџлав“ на Стенли Кјубрик. Иако во 1971 стана вториот црн актер номиниран за Оскар, тој се прослави со гласот на Дарт Вејдер во серијалот „Војна на ѕвездите“, иако подоцна кажа дека за првиот филм бил платен само 9.000 долари и на негово барање воопшто не бил ставен на шпицата. Тој ја репризираше оваа улога неколкупати, последно во 2019, иако секој пат друг актер беше во костумот.

Џонс исто така оствари успешна кариера на телевизија и во театар, каде што одигра бројни легендарни ликови од драмите на Шекспир, како Отело и кралот Лир. Неговиот глас можеше да се слушне и во десетици телевизиски реклами, како и во неколку епизоди на анимираната серија „Симпсонови“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавување на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат

Следно

ВЛЕН: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop