ПОЧЕСНИ ОСКАРИ ЗА ФИЛМСКИТЕ ЛЕГЕНДИ АНЏЕЛА БАСЕТ И МЕЛ БРУКС

January 10, 2024
1 min read

Актерката Анџела Басет и 97-годишниот писател и режисер Мел Брукс се меѓу четворицата добитници на почесните Оскари од американската Академија за филмска уметност и наука. На синоќешното свечено доделување во Холивуд, во друштво на ѕвезди како Леонардо ДиКаприо, Бредли Купер и Натали Портман, Академијата им додели почесни Оскари и на филмската монтажерка Керол Литлтон и извршната директорка на филмскиот фестивал Санденс, Мишел Сатер.

Во богатата кариера Басет има легендарни улоги, од Тина Тарнер до кралицата на Ваканда во „Блек пантер“. На сцената таа им оддаде почит на 10-те црни актерки кои освоија Оскар – именувајќи ги секоја од нив – и рече дека се надева оти филмската индустрија ќе обезбеди повеќе можности за другите раси.

„Мојата молитва е да ја оставиме оваа индустрија побогата, со напредно размислување и поинклузивна отколку што ја најдовме“, рече 65-годишната Басет.

„На крајот на краиштата, сите ние само сакаме да имаме можност да работиме одлична, значајна работа“, додаде Басет, која има две номинации за Оскар.

Брукс ја започна кариерата како писател на скечеви за ТВ емисиите на Сид Сезар во 1950-тите пред да ги сними филмови како „Огнени седла“ и „Младиот Франкенштајн“. Доби Оскар за сценариото на филмот „Продуценти“ од 1967, кој подоцна стана хит на Бродвеј.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Украинците им треба освестување против кого се борат и колку имаат загубено

Следно

Официјално: Захов не е веќе дел од Шкендија!

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop