Побаран притвор за дилери на дрога од Тетово и од Гевгелија

November 10, 2023
1 min read

реклама


Јавното обвинителство бара притвор за двајца дилери на дрога, едниот од Тетово, другиот од Гевгелија, кај кои биле пронајдени кокаин и хероин.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

реклама

– На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како совозач во автомобил држел 41,5 грама наркотична дрога кокаин, наменета за препродажба, информираат од ЈО.

Во Гевгелија пак, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за истото кривично дело против лице кое на паркинг просторот заради продажба држело наркотична дрога хероин спакувана во 23 најлонски омоти во зелена боја со количина од 3.47 грама, подготвени за продажба.

реклама

За двајцата осомничени, јавните обвинители до надлежните судови доставија предлози за определување мерка притвор.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Секој хуманитарен прекин на конфликтот во Газа мора да се координира со ОН

Следно

Над 50 отсто од станбените единици во Газа се оштетени од израелските бомбардирања

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop