По цела деценија: Севиља ја „урна“ Барса на својот стадион (ВИДЕО)

October 5, 2025
1 min read
фото: Sevilla FC (X)

Севиља, која не знаеше за победа над Барселона на домашен терен цели 10 години, попладнево успеа да и го нанесе првиот сеознски пораз на Барса во Ла Лига. На мечот во Андалузија, Севиља со одлична игра успеа да слави со високи 4:1 над Каталонците, кои беа само бледа слика на она што го прикажуваа на досегашните натпревари.

Каталонците имаа големи проблеми со кадровскиот состав пред овој натпревар, па Ханси Флик имаше проблеми да го состави најдобриот тим, а тоа навистина влијаеше не само на резултатот, туку и на играта. Домашните играчи покажаа храбра игра и во 11-тата минута судијата Руиз досуди пенал за Андалузијците. Алексис Санчез, поранешен фудбалер на Барселона, ја презеде одговорноста врз себе, па ја доведе Севиља во водство.

Барса немаше одговор на иницијативата на Севиља, која не се откажа од офанзивната игра, и во 36. минута со голот на Исак Ромеро ја дуплираше предноста. За првпат Барса се закани дури на крајот од првото полувреме, кога преку Рашфорд и намали на 2:1.

Во 74-тата минута Јанузај направи прекршок во својот шеснаесетник, па Левандовски имаше можност да израмни од пенал. Сепак, еден ужасен удар на полскиот напаѓач заврши покрај голот. Казната за промашувањата следеше во 90-тата минута, Хозе Анхел Кармона беше хируршки прецизен од работ на шеснаесетникот, а триумфот на Севиља го направи уште поубедлив резервистот Акор Адамс, кој во последните моменти го постави конечниот резултат 4:1.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невреме низ Европа: Откажани летови, прекини во електричната енергија, нарушен сообраќај…

Следно

Мицкоски од Радовиш: Заврши времето на предавства, почнува времето на достоинствена политика

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop