По три години, Хонгконг ја укина обврската за носење маски: Се враќаме во нормала

February 28, 2023
1 min read

Административните региони Хонгконг и Макао ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот во последните три години. Хонгконг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е во сила од 2020 година

Хонгконг ќе стави крај на барањето за носење маски во борбата против коронавирусот, рече главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и инвестиции и да го врати нормалниот живот повеќе од три години по наметнувањето строги правила.

Укинувањето на барањето за носење маски во Хонгконг ќе стапи во сила од среда, 1 март, рече Ли на брифингот со новинарите. Специјалниот административен регион Хонгконг е едно од последните места во светот каде што носењето маски е сè уште задолжително.

Административните региони Хонгконг и Макао ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот во последните три години. Хонгконг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е во сила од 2020 година.

„Сметаме дека ова е најдобро време да се донесе оваа одлука. Тоа е јасна порака што покажува дека Хонгконг се враќа во нормала“,

рече Ли.

Во местата со висок ризик, како што се болниците, менаџерите можат да одлучат дали да бараат од персоналот и посетителите да носат маски, додаде тој.

Соседниот специјален административен регион Макао најави укинување на обврската за носење маски на 26 февруари за сите локации освен јавниот превоз, болниците и уште неколку места. Од жителите на Кина не се бара да носат маски на отворено, иако властите ги охрабруваат да го прават тоа во јавни затворени простори како што се аеродромите и железничките станици.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 202 казни за возачите: Низ Скопје се вози брзо и без возачка дозвола

Следно

Светска банка: Штетите од земјотресите во Турција надминуваат 34 милијарди долари

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 85,26 милиони денари, најтргуван Алкалоид

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 85.262.209 денари, од кои

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во
Go toTop