По терористичкиот напад во Истанбул приведени 40 лица

February 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, во врска со вчерашниот терористички напад во Истанбул изјави дека полицијата извршила претрес на 25 локации и привела 40 лица, јавува Анадолу.

Во терористичкиот напад што се случи вчера пред Палатата на правдата во Истанбул, животот го загуби еден граѓанин, а шест се повредени, од кои тројца полицајци. Двајцата терористи се неутрализирани.

Министерот Јерликаја даде детали за приведувањето на лицата поврзани со терористите што стојат зад вчерашниот напад.

„Полицијата на Истанбул веднаш по гнасниот обид за напад изврши акција на 25 локации и приведе 40 лица. Нашите операции продолжуваат“, нагласи Јерликаја.

Извршителите на нападот на полициската контролна точка пред зградата на судот биле членови на терористичката група ДХКП-Џ, соопшти претходно Јерликаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестински новинар е убиен во израелски напад врз Газа

Следно

Ријад: Нема дипломатски односи со Израел без независна Палестина

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop