По сторијата на ТВ 24, саниран едномесечниот дефект на цевка во УСЈЕ низ која течела питка вода

July 18, 2024
1 min read

По сторијата на Телевизија 24 за големиот дефект во селото Усије, денеска екипи на водовод го решаваат проблемот на жителите на ова скопско село. Потврда дека дефектот се санира се овие суви улици по кои што со недели течеше пивка вода за пиење.

Утрово камиони и багери на терен почнаа да го решаваат проблемот со пуканатата цевка во село усије. Проблемот на жителите траеше повеќе од еден месец иако повеќепати се обидувале да дојдат до решение. Дури денеска по прилогот на ТВ 24 вчера, службите излегле на терен и го санирале проблемот, по што ситуацијата е нормализирана.

„Месец најмалк јас мислам, може и повеќе, екипада дојде околу 11 од горе и више завршија, пуштена водата и нормализирано.“

Ова е само еден од стотиците случаи кои секојдневно се случуваат во Македонија, дотраената водоводна мрежа појавува чести дефекти што резултира со огромни губитоци на вода за пиење, кој процент според последните мерења изнесува околу 65 отсто.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крај Лозница еден убиен и еден тешко ранет полицаец

Следно

Бајден ќе се откаже викендов?

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop