По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

February 1, 2026
1 min read

Почина
осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана,
соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на
обвинителството.

Младиот
швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на
жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар
Кран-Монтана се искачи на 41 лице.

Пожарот
избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади
луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу
луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку
тесните скали.

Повеќе од
100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.

Јавното
обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди
и предизвикување пожар.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Следно

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop