По шест години пауза, повторно ќе се врши вештачки мрест на Охридското езеро

January 23, 2025
1 min read

После шест години повторно ќе се врши вештачки мрест на Охридското езеро. За истиот задолжени се Научната установа Хидробиолошки Завод Охрид и Институтот за сточарство во Скопје кој има инсталации во Струга.

Според планот овие институции ќе треба да обезбедат 1 ипол милион зрно икра од која подоцна Охридското Езеро ќе биде порибено со охридска пастрмка. Со ова вели министерот за земјоделие ќе се спречи изумирањето на пастрмката која е од национално значење како ендемски вид.

Дополнително ќе има поголеми контроли за да се спречи нејзино понатамошно изловување најавува Трипуновски. 

Од Хидробиолошкиот Завод велат дека досегашните последици од немањето вештачки мрест се негативни но дека овогодинешниот мрест оди со одлично темпо и состојбите ќе бидат подобрени.

Според информациите од полицијата ,минатата 2024 година запленети се околу 700 мрежи во должина од околу 50 км. Согласно новата риболовна регулатива рибниот фонд е поделен на седум риболовни зони. За шест од нив во тек е потпишување на договори за стопанисување со избрани концесиониери додека за една тендерот е поништен поради некомплетна документација и истиот повторно ќе биде објавен.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација

Следно

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop