По повлекувањето израелската армија го остави во урнатини северниот дел на Газа

January 18, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – РАМЗИ МАХМУ –

Израелската армија зад себе остави големи разурнувања при повлекувањето од некои населби во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Екипата на Анадолу ја сними најновата ситуација во подрачјето на Сафтави, Абу Шар, Фалуџа и Џабалија. Населбите се во урнатини.

Уништени се стотици куќи, а на голем број е предизвикана значителна материјална штета.

Отпадните води течат по улиците каде што има големо количество ѓубре и урнатини.

Постои опасност од здравствена и еколошка катастрофа.

Жителите на населбите, кои речиси се претворени во места на духови, доаѓаат до она што останало од нивните домови по повлекувањето на израелската армија.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во понеделникот изјави дека копнената операција со висок интензитет во северниот дел на Појасот Газа е завршена.

„Наскоро ќе заврши на југот на Појасот Газа“, рече Галант, без да даде точна временска рамка.

Галант додаде дека израелските сили ќе продолжат со операции со низок интензитет во северниот дел на Појасот Газа, каде што работат на лоцирање на преостанатите позиции на Хамас во областа.

Според последните информации, од 7 октомври досега во израелските напади врз Појасот Газа загинати се најмалку 24.448 Палестинци, а 61.504 се повредени.

Според податоците на ОН, 85 отсто од населението во Газа веќе е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче Петров, обвинува Арсовска

Следно

Фидан: Не е Израел тој чија безбедност е загрозена, туку тоа се Палестинците и земјите од регионот

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop